Млечната криза во Прилепско ќе се ублажи делумно, зашто прилепската млекарница најави откуп на 10.000 литри млеко дневно по цена од 15 до 18 денари, во зависност од квалитетот на млекото. Според менаџерите исплатата ќе се врши во рок од 30 дена од денот на предавањето на млекото, а со сите кооперанти ќе се склучуваат договори како гаранција за редовен откуп.
„Капацитетот на млекарницата е од 100.000 литри дневно, меѓутоа нема да одиме ние со некој голем капацитет, ќе работиме претпазливо, некаде значи од 10.000 литри млеко.“
Вели Сашо Дранго, извршниот директор на млекарницата. Оваа одлука на сопствениците, доаѓа по 5 месеци откако грчката фирма „Аристотелис„ поради нелојална конкуренција го раскина договорот за закуп на капацитетите и прекина со работа. Но, според Дранго, нема никакви обврски кон млекопроизводителите. Без обврски е и млекарницата, за која пред повеќе од 5 години се водеше стечајна постапка во прилепскиот суд, па сега доминантен сопственик е битолската фирма „Еуроекс„, еден од поголемите доверители.
„Мислиме дека има добри услови за отпочнување на преработка на млеко, од причини што се случи тоа што се случи со шведската млекарница и има доста кооперанти, млекопроизводители кои ни го нудат млекото. А, исто така и тоа што доаѓа летен период кога се појавува поголема лактација кај кравите, значи поголема количина млеко кај кооперантите.“
Истакнува Дранго.Технолошката линија е во одлична кондиција велат менаџерите затоа за кусо време ќе се врши производство на бело и биено сирење наменето за извоз.
„Онаа количина од 10.000 литри млеко која што планираме да ја откупуваме за наши потреби, главно е резервирана за фирмата „Марко Поло„ од Австралија, со која веќе сме во фаза на склучување на договор за 30 тони контингент месечен за изво.“
Менаџерите веруваат дека овој прв обид со сопствени сили да се рестартираат капацитетите на млекарницата ќе биде успешен, па наскоро ќе може да се зголемат дневните количества за откуп на млеко, а со тоа ќе се санираат делумно и штетите кои ги трпат пелагониските фармери кои останаа изиграни од „Сведмилк„.