Антонио Милошоски, министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Важно е што европската перспектива за Македонија останува отворена. Позицијата на Грција, да го негира идентитетот на македонскиот народ и јазик ги усложнува условите за компромис
На средбите во Чешке Будејовице, се дава поддршка на земјите во нивните напори за приближување во ЕУ. Меѓутоа, исто така, официјални претставници јасно порачуваат дека без компромис со Грција со името, нема датум за преговори, нема членство.

Важно е што перспективата за Македонија и за земјите од Западен Балкан останува отворена. Секако дека побрзо и подобро би се
Сметам дека и во самата ЕУ расте потребата да се направи една дистинкција помеѓу билатералните прашања и нивното мешање во однос на евро интегративните процеси
одвивале работите доколку билатералните проблеми не се попречуваат во однос на евро интеграциите. Но, во секој случај сметам дека и во самата ЕУ расте потребата да се направи една дистинкција помеѓу билатералните прашања и нивното мешање во однос на евро интегративните процеси.

Да, но тоа е процес, промените во ЕУ и НАТО. Постојано, официјални претставници и генерал Џон Кредок рече дека без компромис за името со Грција нема членство ниту во НАТО ниту во ЕУ?

Ние работиме на постигнување на компромис долго време.

Работи ли тајната дипломатија нешто, освен јавната преписка?

Повеќе влади на Република Македонија и на Грција работат на ова прашање долги години, но се покажува дека не е така едноставно да се стигне до тој компромис. Сметам дека би било реално да се каже дека позицијата на Грција, да го негира идентитетот на македонскиот
Мислам дека стануваме се посвесни, барем тие што сме директно вклучени, сме сведоци на една скриена агенда. Дека, спорот за името е изговор кој се употребува за да се покрие вистинската намера, а тоа е да се подрие идентитетот на нацијата и на јазикот на Република Македонија
народ и македонскиот јазик ги усложнува и онака не баш лесните услови за стигнување до компромис.

Да, но од една страна се тврди дека воопшто не се преговара за идентитетот и за јазикот, туку само за името?

Па, мислам дека стануваме се посвесни, барем тие што сме директно вклучени, сме сведоци на една скриена агенда. Дека, спорот за името е изговор кој се употребува за да се покрие вистинската намера, а тоа е да се подрие идентитетот на нацијата и на јазикот на Република Македонија.

Сега сме среде избори. Ако победи Фрчкоски, дали вашата влада ќе се согласи со некоја додавка, на пример Северна Република Македонија, што ќе значи членство во НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ, доколку одговорноста би ја презел Фрчкоски?

Граѓаните на Република Македонија се оние кои на 5ти април ќе го изберат претседателот на Република
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и уредникот на македонската програма на РСЕ Зоран Ќука
Македонија и сметам дека секој еден што ќе ја добие поддршката на македонските граѓани ја заслужува и соработката од сите други институции кои ја добиле довербата да ја водат државата. Но, во секој случај сметам дека треба да се биде принципиелен по однос на спорот со Република Грција. Во Република Македонија ова е национално прашање и ние цениме дека главниот збор за конечната одлука за било каков можен компромис треба да биде верификуван и потврден од граѓаните на Република Македонија на референдум. Било какви додавки или придавки, не е вкусно да се лицитира со нив, бидејќи не носи корист.

Зборуваме за предлог кој излезе во јавноста од медијаторот Метју Нимиц.

Последниот предлог кој излезе во јавноста и беше конкретен беше оној пред Букурешт, за кој македонското политичко водство се изјасни дека истиот може да биде ставен на референдум и верификуван. Но, за жал Република Грција го отфрли промптно, за подоцна да
Две прашања во Република Македонија поврзани со националните интереси на нашата држава уживаат скоро еднаква поддршка кај македонските граѓани. Прво, тоа е зачувување на своето национално достоинство и второ, тоа е желбата да се биде дел од северно атлантската алијанса
слушнеме...

Нели, поради идејата за референдумот Грција го отфрли тоа или затоа што не и се допаѓаше предлогот?

Мислам дека одговорот на ова прашање го даде колешката Бакојани, која кажа дека одлуката Македонија да биде блокирана на самитот во Букурешт била донесена најмалку една година пред самиот самит. Вината не треба да се бара во македонската политика, која не е идеална, но сепак во однос на НАТО мислам дека има направена многу.

Фајненшл Тајмс излезе со коментар дека кога во Брисел стигнала веста за преименување на автопатот во Александар Македонски, европските дипломати паднале во очај и се засилила грчката позиција во ЕУ. Како тоа ќе го коментирате?

Мислам дека извештајот на Европскиот парламент, во тој извештај се препорача датум за почнување преговори со Република Македонија, се препорача визна либерализација за македонските граѓани и се препорача билатералните спорови да не се злоупотребуваат за блокирање на процесот на евро интеграции.

Дали мислите дека додавката би го сменила идентетот на македонскиот народ или да речеме во случај на останување надвор од евро атлантските интеграции земја без инвестиции, без работа во економска криза, младите бегаат надвор. Што е поопасно за државата?

Република Исланд не е исто така земја членка на НАТО, но инвестициите, економските реформи, состојбите во тој сегмент зависат повеќе од внатрешни фактори и од подготвеноста на државата, владата, општеството и претприемачите да го дадат својот максимум за економски исчекор. Но, во секој случај две прашања во Република Македонија поврзани со националните интереси на нашата држава уживаат скоро еднаква поддршка кај македонските граѓани. Прво, тоа е зачувување на своето национално достоинство и второ, тоа е желбата да се биде дел од северно атлантската алијанса.