Тадиќ повика на единство за надминување на економска криза во Србија

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска повика на единство во земјата за надминување на економската криза. Тадиќ изрази подготвеност да преземе одговорност за решавање на проблемите. Според него за справување со кризата, не е доволно само да се намали бројот на владините министерства, туку и на целата државна администрација. За кризата не треба да се обвинува само светот. Од 2002-та година во Србија остана нерешен проблемот со воспоставување стабилна економија, во која повеќе се троши, отколку што се произведува, рече Тадиќ.