Преку ДИК поднесени 18 тужби до Управниот суд

До Управниот суд преку Државната изборна комисија се поднесени 18 тужби за гласањето во првиот круг од изборите. Од нив, како што соопштува ДИК, три тужби се од коалицијата ВМРО Демократска партија – ТМОРО - ВЕП, девет тужби се од Партијата Нова демократија, пет од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и една тужба е поднесена од Група избирачи од Охрид.