Тројца авганистански војници загинале во бомбашки напад

Тројца авганистански војници загинале, а четворица се повредени при експлозија на бомба во источен Авганистан. Американските трупи во Авганистан соопштија дека, армиското возило нагазило на бомба поставена на пат додека патролирале во областа Гардез во провинцијата Пактиа. Шест лица се приведени поради сомневање за поврзаност со нападот.