Обама ја објави новата стратегија за Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама ја објави обновената стратегија на Вашингтон за Авганистан. Во говорот во Белата Куќа, Обама оцени дека ситуацијата во Авганистан е се поопасна и оти не смее да се дозволи таа земја да падне под контрола на Талибанците и приврзаниците на Ал Каеда. Обама додаде дека и Пакистан мора да покаже решеност во битката против Ал Каеда на негова територија.