50 загинати во "малото цунами" во Џакарта

Најмалку 50 лица загинаа, а стотици домови се поплавени кога денеска се урна браната на езерото Ситу Гунтунг 20 километри од Џакарта. Ситуацијата е како да не има погодено мало цунами, изјави преставник на министерството за здравство Рустам Пакаја. Водата од езерото кое се преполни поради големите дождови ги поплави предградијата на Џакарта.