Само за два месеци евидентирани 12 заболени од бруцелоза. Најголем дел од заболените се од селото Канатларци.
Само за 2 месеца во Прилепско се евидентирани 12-мина заболени од бруцелоза. Најголем број, осуммина се од селото Канатларци. Сите се сточари и членови на нивните семејства. Само две лица се ветеринарни работници, а кај еден заболен епидемиолозите не можат да го утврдат начинот на инфицирање.
,,Со оглед на тоа дека болеста има сезонски карактер, максимумот го достигнува во пролетно-летните месеци, очекуваме во наредниот период бројот на заболени и понатаму да расте. Во селото Канатларци во кое се регистрирани 8 заболени годинава, бруцелозата е присутна уште од 1992 година."
Вели д-р Татјана Мургоска-Станимировиќ, епидемиолог во прилепскиот Завод за здравствена заштита. Од таму истакнуваат дека се додека има заболена стока, болеста и натаму ќе се шири меѓу луѓето.
Од ветеринарната станица пак информираат дека во Канатларци и уште 11 други села во Прилепско дополнително ќе се земаат крвни мостри од говедата. Но, испитан е 85% од вкупниот фонд од околу 13.000 говеда.
,,Досега се извадени околу 8500 крвни проби од говеда. Крвните проби се доставени за лабораториско испитување на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и од вкупниот број на испитани проби досега имаме едно позитивно грло."
вели Благојче Христоски, директор на Ветеринарната станица.Наскоро ќе почне и акцијата за откривање на бруцелоза кај 70.000 овци и кози, а вакцинираниот добиток минатата година, веќе има имунитет против оваа болест.
,,Планирано е за период од 5 до 6 години да се изврши вакцинирање кај целиот подмладок и да добиеме после 6 години стада кои ќе бидат заштитени од бруцелоза."
Истакнува Христоски.Епидемиолозите паралелно упатуваат и на превентивните мерки со зголемување на личната, хигиената на подготовката на храната, хигиена на околината, но и што поголема едукација на луѓето.
А, освен Канатларци, постојани жаришта на бруцелоза во Прилепско се мариовското село Витолиште и долненските села.
Бруцелозата е ендемска болест во Прилепско повеќе од 23 години.
Иако последната деценија бележи тренд на опаѓање, сепак на одредени места се одржува на многу високо ниво. Ресорните министерства вложуваат напори со синхронизирани мерки чиј акцент е вакцинација на подмладокот за кусо време болеста да се искорени од овие простори.