Францускиот парламент синоќа и изгласа доверба на владата на претседателот Никола Саркози, по неговата одлука Франција повторно да влезе во заедничката команда на НАТО. По неколкучасовната остра дебата. Одлуката за засилување на односите со НАТО ја критикуваа пратеници и од левицата и од десницата, изразувајќи страхување дека со тоа ќе биде загрозена независноста на земјата. За францускиот министер за одбрана Херве Морин е кристално јасно дека НАТО денеска е станат инструмент за мирот и безбедноста надвор од границите на Алијнсата. Џејмс Филипс од Херитаџ Фондацијата во Вашингтон се согласува со Морин, кој се противи на она што го нарече глобалниот статус на НАТО. Филипс верува дека НАТО го загубил компасот и дека треба да се врати на оригиналниот статус
"НАТО е воена – борбена алијанса основана за заштита на колективната безбедност на нејзините членки. Во последниве години повеќето од операциите се мировни или пост конфликтни за обезбедување сигурност. Јас мислам дека е опасно да се пренабрегнува оригиналната цел на Алијансата која е одбрана на земјите членки од надворешна агересија".
изјави Филипс, кој како и францускиот министер за одбрана се согласува дека со глобалниот приод НАТО ке стане послаб. Според францускиот министер Херве Морин, соработката со Москва ќе го задржи НАТО силен додека антагонизмот ке го ослаби. Но, со ова Филипс не се согласува велејки дека Москва не сака НАТО да се шири, туку да биде распуштен. Меѓутоа, во Западна Европа, според Тед Карпентер потпретседател за одбрана и надворешна политика на КАТО Инстутот исто така од Вашингтон, расте убеденоста дека НАТО треба да соработува со Русија.
Тие стравуваат од нова студена војна и сметаат дека евентуалната трета рунда проширување на НАТО со Украина и Грузија ќе ги влоши односите. Според Карпентер, начинот на водењето на политиката, честото патронизирање на Русија за време на 90 тите како и екпанзијата до руските граници го донесе Путин на власт во Русија, бивш офицер на КГБ, кој верува во строго контролирана држава.
"Со сите демократски кратења, про западните елемнети во Русија се дадени во рацете на нај авторитарни националистички елементи. Според мене, оваа трагедија можеше да биде избегната. Секако НАТО не е единствениот елемент, но не е ниту неважен фактор кој придонесе за растежот на Путин".
За тоа, вели Карпентер, многумина во Западна Европа сакаат да одбегнат натамошна антагонизација со Русија, така што НАТО експанзијата не создаде само разлики со Русија, туку и внатре во самиот НАТО. Според Тед Карпентер од КАТО Институтот во Вашингтон, Соединетите Држави треба да го разберат новиот француски приод дека односот кон Русија мора да се смени, доколку веќе не е доцна.

Расте убеденоста во Европа дека Нато треба да соработува со Русија