Во Хрватска велат дека со оваа посета Санадер сакал да му покаже на Брисел оти Загреб поинаку се однесува отколку Љубљана. Во Србија на посетата гледаат како на затоплување на односите.
Хрватскиот премиер Иво Санадер в петок ќе престојува во официјална посета на Србија. Една од главните реакции е дека со оваа посета Санадер сака, по проблемите со Словенија, да и покаже на Европската унија оти Загреб поинаку се однесува со соседите отколку Љубљана. Во Србија пак, на посетата на Санадер гледаат како на затоплување на односите меѓу двете земји целосно блокирани откако пред една година Хрватска ја призна независноста на Косово.
Во хрватската влада ги отфрлаат претпоставките дека премиерот Иво Санадер својата посета на Белград ја условил со исклучување на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ од средбите. Како цинични се оценуваат и реакциите на опозицијата дека Санадер ја темпирал ваквата посета за да добие поени од Брисел по словенечко хрватски проблеми со границата. ,,Добар и корисен политички потег,, смета шефицата на Хрватскиот одбор за следење на преговорите со Европската унија Весна Пусиќ:
,,Главна предност на земјите во регионот во однос на Европската унија е да покажат дека се способни сами да ја преземат одговорноста за својот регион, а тоа не оди без меѓусебна комуникација,,.
Токму во таквата комуникација поранешниот шеф на хрватската дипломатија Мате Граниќ гледа можност за нова атмосфера во која би дошло до решавање на отворените прашања меѓу двете земји:
,,Најотворено прашање е проблемот се граничната линија, иако нема инциденти. Тоа е нешто што чека на решение од Хрватска и Србија. Тука се и спроведувањето на сукцесијата, хрватската тужба во Хашкиот суд против Србија за геноцид, отшетата и враќањето на бегалците,,.
Вели Граниќ. Од здружението на србите од Хрватска се песимисти дека посетата на Санадер може да донесе некаков напредок во решавањето на нивните проблеми:
,,Се ми се чини дека ова е повеќе во интерес на приближувањето на Хрватска кон евроинтеграциите отколку во прилог на протераните срби. Нашите проблеми се од деведесет и петтата година и за жал постојат и денес,,.
Смета генералниот секретар на Здружението на србите од Хрватска Милојко Будимир. Како и да е, во Белград преовладува мислењето дека со посетата на Санадер делумно се става точка на лошиот тренд во односите меѓу двете земји:
,,Ако ова биде почеток на затоплувањето на односите на релација Белград, Загреб, тоа ќе значи дека ќе има шанса и за подобар тренд во регионот каде што односите се во сериозна криза. Србија нема нормални односи ни со Црна Гора, ни со Македонија, ни со Босна. Да не зборувам за српскиот застој на патот кон Европската унија,,.
Вели Александар Попов од Центарот за регионализам. Хравсткиот печат пишува дека премиерот Иво Санадер оди во Белград со голем гест. Имено, тој ќе и понуди на Србија стотици документи што Хрватска мораше да ги преведе во процесот на нејзиното приближување кон Унијата.

Главна предност на земјите во регионот во однос на Европската унија е да покажат дека се способни сами да ја преземат одговорноста за својот регион.