Германскиот тинејџер го најавил убиството на интернет

Тинејџерот кој уби 15 лица во едно средно училиште во германскиот град Виненден, неколку часа пред нападот, го најавил својот план на интернет. Како што соопштија локалните власти, во пораката тинејџерот напишал дека ќе го изврши нападот бидејќи учениците во неговото поранешно училиште не го ,,разбирале сериозно.“ Тинејџерот уби девет ученици, тројца професори и тројца минувачи, пред да биде убиен од полицијата. Денеска во Германија е ден на жалост.