ЕУ може да ја одложи наредната рудна преговори со Хрватска

Европската Унија денеска предупреди дека би можела да ја откаже наредната рунда претпристапни преговори со Хрватска, поради ,,ќорсокакот“ околу граничниот спор со Словенија. Чешкиот министер за европски прашања Александар Вондра, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, изјави дека европските претставници размислуваат за одложување на преговорите закажани за 27 март, откако вчерашниот состанок меѓу шефовите на дипломатиите на Хрватска и Словенија со еврокомесарот Оли Рен, завршија без конкретни резултати. Времето за Хрватска истекува, порача Вондра.