Професионалните војници на улица

АРМ војници

Луѓето кои го вадат лебот бранејки ја земјава и кои учевствуваат во меѓународни мировни мисии ќе останат на улица. Со страв од безработица и речиси никаква перспектива веќе секојдневно се соочува професионалниот војник Ранко Младеновски на кому
После враќањето од мисиите, остануваме на улица, едноставно самите не ставаат во криминал, самите не прават криминалци. После 38 година, што друго да работам? Што друго да учам? Осум години пушка сум носел, друго ништо
договорот му завршува до 2010 година.

„После истекувањето на договорите, не планираме ништо. Се надеваме дека ќе не остават на работа до пензионирање или дека ќе ни дадат отпремнина. За сега нема најави, нема слух. После враќањето од мисиите, остануваме на улица, едноставно самите не ставаат во криминал, самите не прават криминалци. После 38 година, што друго да работам? Што друго да учам? Осум години пушка сум носел, друго ништо.“

За основите на проблемот објаснува генерал Стојанчо Ангелов од здружението на професионални војници „Достоинство“.

„Основниот проблем со кој се соочуваат професионалните војници на АРМ е можноста во АРМ да работат четири пати по три години, односно 12 години, или до навршени 38 години старост.“

Ангелов смета дека има потенцијал за решавање овој проблем

„Или да се избрише горната граница, за тие да може да останат на работа во АРМ додека не ги исполнат условите за пензионирање, се разбира да бидат прераспоредени на соодветни работни места во АРМ. Ако тоа не е возможно бараме тие да бидат прераспоредени во полицијата, во судската полиција или други буџетски установи.“

Од здружението велат дека надлежните едноставно немаат слух. Капетанот Зоран Велковски објаснува кои се следните чекори на
Преговараме, односно бараме решение за статусниот проблем на професионалните војници
здружението.

„Поднесовме барање за средба со амбасадорот на САД господинот Филип Рикер, со претставникот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере и претставникот на НАТО за Македонија.“

Војниците велат дека ја губат довербата во синдикатот кој ги претставува пред надлежните. Од друга страна, претседателот на синдикатот Ристо Ајтов вели дека не престанува со застапување на интересите на овие професионалци

„Преговараме, односно бараме решение за статусниот проблем на професионалните војници.“

Инаку во Министерството за одбрана е оформена посебна комисија која го разгледува овој проблем.