Што ветуваат кандидатите за градоначалник на Скопје?

Скопје

Пловен Вардар, подеземна улица од Народната банка до Соборниот храм, подвижна лента што работи на струја се дел од ветувањата во Скопје. Граѓаните со поделени мислења, некои веруваат, а некои не.
Пловен Вардар, подеземна улица од Народната банка до Соборниот храм, подвижна лента што работи на струја, со која граѓаните ќе може да стигнуваат во центарот на градот, да се поправи часовникот на Старата железничка станица и секој изминат час да го
Правиме глупости, како идејата за часовникот, уште да пее секој час или половина час наши народни песни. И ќе се собираме пред часовникот и ќе играме ора. Градов ни е веќе претворен во зурли и тапани, трагедија за овој народ што живее тука,
обележува со некоја народна песна... Ова се само дел од ветувањата со кои кандидатите за градоначалник на Скопје и на скопските општини се обидуваат да ги освојат гласовите.

Трамвајот и жичарницата до Водно се веќе стари ветувања кои им се познати на жителите на Скопје од минатите изборни циклуси.
Карикатуристот Дарко Марковиќ вели дека градот одамна е нагрден, а со градењето без план, само, дополнително се нагрдува. Наместо да се урбанизира, вели тој, Скопје се повеќе заличува на село. Марковиќ вели дека вакви ветувања поминуваат поради немањето јавна критика.

„Правиме глупости, како идејата за часовникот, уште да пее секој час или половина час наши народни песни. И ќе се собираме пред часовникот и ќе играме ора. Градов ни е веќе претворен во зурли и тапани, трагедија за овој народ што живее тука, а никој не смее да каже, бидејќи ќе го нагрдат дека е анти национален, дека е против Македонија.“

Тој смета дека, во ситуација на голема сиромаштија, овие ветувања им доаѓаат на гласачите како бајка во која тие веруваат или сакаат да веруваат. Жално е, вели Марковиќ, што гласачите, без да размислуваат, се фаќаат на ваквите ветувања како давеник за сламка. Граѓаните имаат поделени мислења околу ветувањата на кандидатите.

„Лажат, до сега никој ништо не направил, не верувам.“
„Ако дојде саглам човек може, ако не ништо.“
„Тоа што го ветуваат не е физички изводливо да се направи. Тоа е глупост тешка.“
„Не верувам за пловен Вардар, подземни булевари, не верувам, а за друго што е над земја има шанси да се направи.“

Дарко Марковиќ смета дека кандидатите ги црпат идеите од тоа што се случува во странство, но не ги земаат предвид општествените
Очигледно дека имаме луѓе коишто дури сега патуваат во свет и гледаат некои нови работи што се прават, како Дубаи, стара Европа или далечниот исток.
услови во Македонија.

„Очигледно дека имаме луѓе коишто дури сега патуваат во свет и гледаат некои нови работи што се прават, како Дубаи, стара Европа или далечниот исток. Јас и за музејот на восочни фигури кажав дека при првиот прекин на струја, ќе се стопи и отиде историјата.“

Во трката за градоначалник на Скопје влегоа 11 кандидати, кои тврдат дека можат да ги решат основните проблеми на граѓаните. Дел од кандидатите во желбата повеќе да им се допаднат на гласачите излегоа со предлози кои во најмала рака предизвикаа потсмев во јавноста.