Неделава Панфиз 2009

Скопје

Од 9 до 14 март годинава, Скопје, ќе биде домаќин на второто издание на Интернационалниот фестивал за пантомима и физички театар ПАНФИЗ 2009. Претставите ќе се одржуваат во МНТ, кој и годинава е копродуцент на манифестацијата, а ќе настапат пантомимичари и артисти од Франција, Финска, Индија, Хрватска, соседна Бугарија и од Македонија.
Монолог со куфер на Герасим Дишлиев, еден од водечките пантомимичари во светот, ученик и соработник на легендарниот Марсел Марсо, Смртта на страшилото од 78 годишниот Финец Адам Дариус и неговиот асистент Казимир Колесник, Заложната куќа на студентите од НАТФИС Крсто Сарафов од Софија, Три пиеси од артистите на Канглеи Мим театар од Мимпал – Индија, Напред или назад на македонскиот актер Кире Ѓорески и Интер Нет воркс на театарот Рубикон од Риека – Хрватска, се претставите што се најдоа во конкуренција на второто издание на Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар ПАНФИЗ 2009. Организатор на
Експериментот што се случи лани, Панфиз 2008, продолжува и понатаму. Претпоставувам дека веќе не е експеримент туку дека ќе заземе свое место во културните настани во Република Македонија.
случувањето е Страница театар, копродуцент Македонскиот народен театар, а годинава манифестацијата е помогната од Министерството за култура.

„Експериментот што се случи лани, Панфиз 2008, продолжува и понатаму. Претпоставувам дека веќе не е експеримент туку дека ќе заземе свое место во културните настани во Република Македонија. Годинава за среќа, Панфиз беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и некако полесно влеговме во организација на фестивалот.“

вели Трајче Георгиев, актер, пантомимичар и селектор на програмата. Покрај претставите, планирано е големите мајстори Дишлиев и Адам Дариус, кој и покрај бремето на годините сеуште е активен како кореограф и танчер, а патем е и директор на ХИМ центрите во Лондон и во Хелсинки, да одржат мастер класови со студентите од Факултетот за драмски уметности при Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Говорејќи, пак, за улогата на една ваква манифестација во развојот на пантомимата и физичкиот театар кај нас, актерката Снежана Коневска, која заедно со Георгиев како некогашни завршени студенти на пантомима на НАТФИЗ во соседна Бугарија, ја трасираа идејата за овој фестивал, ќе забележи:

„За мене овој фестивал и оваа негова втора реализација значи голем чекор напред, односно вклучување на Македонија во светските трендови, да може да се бориме на универзален јазик со сите театри и театарски групи во светот. Тоа веројатно ќе ни помогне во таа комуникација да дознаат сите каде е Македонија и потоа да го откриваат и се она што е.“

Кон ова само уште информацијата дека ПАНФИЗ и годинава е со натпреварувачки карактер, па така за симболичната награда од 300 евра за победникот, ќе одлучува жири комисијата во состав Никола Ристановски, Тодор Кузманов и Снежана Коневска.