Протести и самоубиствен напад во Авганистан

Две лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад пред една полициска станица во западен Авганистан. Во нападот биле повредени и тројца полициски службеници. Во меѓувреме во авганистанската провинција Кост, околу 200 лица одржале протести, при што го блокирале главниот пат и каменувале конвој на НАТО силите, изразувајќи го својот револт поради извршувањето на операција од страна на американските трупи, во која загинале четворица цивили.