Хилари Клинтон во посета на Турција

Клинтон - прес конференција во Женева

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Анкара изјави дека американскиот Претседател Барак Обама наскоро за околу еден месец ќе ја посети Турција. Клинтон на прес конференција по средбата со туските лидери зборуваше за важноста да се направи израелско - сириски мировен дијалог. Турција пак соопшти дека е готова да посредува, но дека барањето треба да дојде од двете страни. Инаку, американскиот државен секретар Хилари Клинтон допатува во Анкара цел да ги обнови односите со НАТО партнерот Турција кои беа нарушени околу американската инвазија на Ирак. Теми на разговорите се повлекувањето на американските трупи од Ирак, како и турскиот придонес за безбедноста во Авганистан и посредништво за мир на Блискиот Исток. Клинтон во Турција пристигна од Женева каде што се состана со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. По на нивната прва средба тие изразија надеж во нова ера во американско – руските односи.
Ние веруваме во нов почеток


"Ние веруваме дека ова е нов почеток, не само за подобрување на билатерланите односи туку и во предводењето на светот во важни подрачја како нуклеарното оружје и нуклеарната безбедност".

"Сигурен сум дека ке најдеме заедничка основа и за проблемите како офанзивното оружје и ракетната одбрана".

рекоа Клинтон и Лавров. Првите луѓе на американската и руската дипломатија не потпишаа никаков договор, но поставен е работен план, а нов договор за редукција на оружјето се очекува до крајот на 2009. Светските агенции јавија дека остануваат разликите за Косово, Грузија американскиот одбранбен ракетен план и рускиот план продажбата на ракетна технологија на Иран.