Американските специјалци можеле да го уапсат генерал Ратко Младиќ. Ова во интревју за Радио Слободна Европа го го открива Чарлс Инграо, професор по историја во американскиот Пардју универзитет и шеф на проектот ,,Соочување со југословенските контроверзи,, во кој учествуваа околу триста научници од поранешна Југославија и од светот. Според него, хашкиот бегалец, генерал Младиќ барем дваесетина пати бил на нишан на американските специјалци кои го следеле постојано.
По потпишувањето на Дејтонскиот договор, Пентагон никогаш не сакал да ги уапси обвинетите за воени злосторства на просторите на поранешна Југославија, вели професор Чарлс Инграо. И не само тоа, американската војска, како што додава, ги торпедирала сите обиди на холандските и данските сили да ги уапсат. Првите знаци за неподготвеноста на Вашингтон да го стори тоа се појавиле уште во подготовката на Дејтонскиот договор, односно ослободувањето на меѓународните сили од обврската да ги апсат обвинетите од Хашкиот трибунал. Инграо додава дека претходно имало и повеќе средби меѓу ратко Младиќ и американскиот полковник Џон Батиста:
Ние не знаеме за што разговараа американската армија и Младиќ, но знаеме дека разговарале и оти не дојде до негово апсење. Од февруари до јули деведесет и шестата, специјално формиран американски одред најмалку двеесет пати го имал на нишан конвојот на Младиќ од три возила на територијата на Хан Пијесак.
Вели професор Инграо, додавајќи дека одредот неколку пати го придружувал полковникот Батиста на тајни состаноци, најверојатно со генерал Младиќ. Запрашан од кој дознал за ваквите средби тој одговора:
Од воен претставник кој бил во таа единица. Не и припаѓаше на воената полиција, туку тој беше член на американските разузнувачки служби.
Инграо кој во врска со тоа дали Пентагон бил запознат со ваквите средби вели:
Не е можно дури ни да се замисли висок американски воен претставник да се состанува со обвинет за воени злосторства не само без знаење, туку и без дозвола од Пентагон.
Инграо објаснува дека приказната за неапсење на обвинетите од Хашкиот трибунал единствено може да се сфати ако се знае дека американската војска била апсолутно неподготвена да ги жртвува своите сили по она што го сметаше за остварена примарна мисија во Босна и Херцеговина:
А примарната мисија беше воспоставување мир во Босна, раздвојување и разоружување на завојуваните страни. На апсењето на воените злосторници, американската армија гледаше како на ризик кој би можел да резултира со напад врз американските војници.
Инграо додава дека ваквата одлука на Пентагон премолчено била прифатена од тогашниот претседател Бил Клинтон кој не сакал Босна да се претвори во катастрофа за американските војници како онаа во Могадишо. Единствено Стејт департментот се залагал за апсење, но и на нив им беше јасно дека тоа е невозможно без зелено светло од Пентагон и Клинтон, вели професор Чарлс Инграо во интервјуто за Радио Слободна Европа.