Хилари Клинтон во посета на Израел

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во официјална посета на Израел, каде ќе има средби со израелските лидери. Претходно, таа учествуваше на донаторската конференција за Газа што се одржа вчера во египетското летувалиште Шарм Ел Шеик, каде што изјави дека помошта за регионот мора да биде проследена со нов мировен обид на Блискиот Исток базиран на решение со две држави.