Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе има обраќање на заедничка седница на двата дома на Конгресот. Се очекува тој да говори за неговите напори за спас на финансискиот систем и за отгрнување на најголемата економија во светот, американската од рецесија. Обама вчера се обврза да го намали за половина буџетскиот дефицит од трилион и триста билијарди долари наследен од неговиот претходник Џорџ Буш. Тоа, според Обама, би требало да биде постигнато до две илјади и тринаесетата година.