Во козјачкиот регион сточарите не можат да најдат овчари, ниту откупувачи за волната која со години се складира.
Во планинските села на козјачкиот регион сточарите одамна не можат да најдат овчари,туку самите го напасуваат добитокот, од млекото прават млечни производи,а волната ја складираат, оти откупувачи за неа нема. Во времето кога бројот на невработените во Куманово е над 30 илјади, кога секој втор граѓанин е стечаец,технолошки вишок или социјален случај никој не сака да оди на село,да одгледува добиток и од тоа да егзистира. И како што велат малкумина останати жители на козјачките села, нашите луѓе полесно прифаќаат сиромаштија и празен стомак без работа, отколку работа и колку-толку егзистенција. Затоа одамна сточарите не ни бараат овчари. Се снаоѓаат колку можат.
,,Ние сами си пасиме, раниме, зобиме, храна, нешто собираме што не стигнува."
Откуп на млекото во овие села нема, единствено јагнињата ги продаваат. За волната која со години стои необработена сточарите велат дека би било добро невработените да се заинтересираат.
,,Млекото го преработуваме, правиме сирење, бело, жолто. Продаваме јарци, нема откуп на волна и таа стои. Не е лошо заради личното здравје да се занимаваат младите со тоа, само со интернети и компјутери се занимаваат."
По се изгледа денешниот човек преферира да носи синтетичка облека,отколку природна. Сепак, сточарите се надеваат дека ќе помине итоа и нашиот човек ќе биде принуден да побара начини за здрав живот.
,,Сточарството се уништи. Земаме некоја пара, но тераме колку што може."
Сточарите се жалат и дека се осамени,селата празни и речиси запустени. Ниту пасиштата не се полни како некогаш,кога младите овчари другарувале,создавале трајни пријателства,па дури и кумства. Во 21-от век освен песната на птиците, лаежот на овчарските кучиња и блеењето на овците не можат да слушнат човечки збор, да му се израдуваат.
Нема откуп на волна и таа стои
,,Ние сами си пасиме, раниме, зобиме, храна, нешто собираме што не стигнува."
Откуп на млекото во овие села нема, единствено јагнињата ги продаваат. За волната која со години стои необработена сточарите велат дека би било добро невработените да се заинтересираат.
,,Млекото го преработуваме, правиме сирење, бело, жолто. Продаваме јарци, нема откуп на волна и таа стои. Не е лошо заради личното здравје да се занимаваат младите со тоа, само со интернети и компјутери се занимаваат."
По се изгледа денешниот човек преферира да носи синтетичка облека,отколку природна. Сепак, сточарите се надеваат дека ќе помине и
Сточарството се уништи. Земаме некоја пара, но тераме колку што може.