Осмото Биенале на млади уметници што ќе биде отворено вечерва со почеток во 20 часот, во Националната галерија Музеј на современа уметност во Скопје.
Методи Ангелов, Зени Балаши, Матеј Богдановски, Слаѓана Богеска, Кристина Божурска, Атанас Ботев, Зоран Поповски, Дита Старова, Тихомир Топузовски и Кристина Хаџиевска се само некои од 27-те уметници, чии дела на тема Идентитети, ќе може да ги види ликовната публика на 8-то по ред Биенале на млади уметници што ќе биде отворено во Националната галерија Музеј на современа уметност во Скопје.
,,Темата е одбрана за уметникот да си го постви прашањето кој сум јас, и да си го објасни своето постоење овде,"
вели Мира Гаќина, кураторка на оваа постановка. Во каталогот за изложбата објаснувајќи ја зададената тема таа потенцира дека размислувањата на младите уметници во Македонија, се чини, одбиваат да бидат затвореници на предизвикот на времето, на сето она што сака да си го придодаде атрибутот милениумски. Притоа ќе забележи дека може да се говори за еден вид обедиент проект, во кој само ликовниот јазик или израз ги диференцирал авторските предиспозиции и дека нивните концепциски замисли ги насочуваат кон алтернативните медиуми, во смисла на избегнување на класичните во кои очигледно потешко ја остваруваат пораката.
Говорејќи, пак, за селектираните уметнички творби и за тоа каде оди современата млада македонска ликовна сцена, Гаќина со дополна:
,,Уметниците се изразуваат во најразлични техники, цртеж, до покомплекси пристапи, како инсталации, перформанси, платна. На волку мал простор сметам дека има доста квалитетни автори кои се спремни да се набљудуваат самите себе си и да го изразат тоа преку медиум."
На самото отоворање на ова Биенале на млади уметници на Македонија во Музејот на современа уметност ќе се одвиваат и два невообичаени перформанси за кои кураторката акцентирајќи ја атрактивноста а публиката ќе рече:
,,Еден уметник ќе избедува перформанс со живи актови, тоа ќе биде невообичаена слика. Ќе има уште еден перформанс, но нема да биде така спектакуларен како овој."
Кон ова само уште информацијата дека по иницијатива на Елиза Шулевска, директорка на Музејот, науспешниот автор на оваа едномесечна поставка 8-то Биенале на млади уметници ќе биде награден со самостојна изложба која ќе се реализира во рамките на програмата на ова наша национална установа за идната 2010 година.