Прилепската организација на СДСМ обвинува дека млади активисти на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во поголем дел од средните училишта во Прилеп делат пристапници на малолените средношколци. За учениците кои ќе потпишат пристапници тврдат од СДСМ, следат низа привилегии. Директорите и професорите кои ги поддржуваат овие активности дури им дозволуваат на средношколците да отсуствуваат од настава поради нивните партиски ангажмани. А, просветниот инспекторат како што велат од прилепскиот огранок не презема мерки за да ги санкционира овие педагози.
„Првите луѓе на подмладокот на ВМРО ДПМНЕ поддржани од одредени професори и директори на средни училишта, вршат политичко агитирање на средношколците. За возврат тие од професорите добиваат привилегии за извршување на партиските активности и со дозвола на истите директори и професори им се дозволува отсуство од настава.“
Вели Мартина Тодеска, од општинската организацја на СДСМ. Наспроти овие обвинувања во прилепските училишта негираат секаква инволвираност на политичките партии во училиштниот објект:
„Во нашето училиште досега нема пристап на ниту една политичка партија, а надвор од училиштето незнам што се случува.“
„Јас прв пат слушам за такво нешто.“
Велат Спасе Здравески, директорот на средното училиште Ѓорче Петров и Добре Огненоски-заменик директорот на индустриското училиште Ристе Ристески-Ричко. Партиските активности во училиштата се забранети-демантираат и од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ:
„Гарантирам дека пристапници не се делеле во училиштата, но неможам да гарантирам дека некои од учениците не станале членови на ВМРО ДПМНЕ бидејќи нашата партија е отворена за нови членови и пристапување.“
Вели Гоце Ингилизов, претседателот на општинскиот комитет на Вмро-Дпмне. Но, тој сепак истакнува дека согласно со статутот сите млади над 16 години можат да се зачленат во партијата, по своја волја и избор. Затоа велат во Вмро-Дпмне можеби во овој период младите средношколци избрале своите политички афинитети и потреба од ангажман да ги реализираат во оваа партија.
Во секој случај со приближување на изборите полека почнува да се вжештува и политичката атмосфера во Прилеп, партиските препукувања растат, а со тоа и страстите меѓу поларизираните гласачи кои постојано се натпреваруваат за црно-белата опција. Останатиот дел политички неопределени граѓани очекуваат поголемо ниво на политичка култура и демократија во гласачкиот процес како потврда дека овие избори ќе бидат на ниво на држава која е кандидат за ЕУ и НАТО.