Белград: Состанок на владини претставници од регионот за економската криза и ЕУ перспективите

Денеска во Белград ќе се одржи состанок насловен како,,Европската перспектива на Југоисточна Европа во времето на предизвиците – соочување со економската и енергетска криза,, на кој освен Србија како земја домаќин, ќе учестуваат и владини претставници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Македонија. Земјава ја претставува вице-премиерот Ивица Боцевски, а на регионалниот состанок ќе стане збор за перспективите на патот кон ЕУ во услови на актуелната економска и енергетска криза, претстојните европски избори, визната либерализација и регионалната соработка во процесот на евроинтеграции.