На Гумење во Крушево денеска ќе биде поставен камен темелник за спомен куќа на Тоше Проески. Во неа ќе бидат сместени сите значајни работи поврзани со животот и кариерата на големата македонска музичка ѕвезда која во октомври две илјади и седмата година загина на пат кон Загреб, во близина на Нова Градишка.