Светскиот тренд на зголемен број на разводи во јануари ќе ја одмине Македонија велат домашните експерти. Во Западна Европа и во Америка првиот месец во годината е познат како месец на разводи.
А првиот работен понеделник е ден кога се покренуваат најмногу постапки за развод. Новогодишните и божиќните празници и слободното време само допринесуваат брачните партнери да ја донесат конечната одлука за прекин на бракот. Како една од причините за развод брачните другари ја посочуват и светската економска криза. Адвокатите во Америка и во Европа очекуваат овој месец да имаат двојно повеќе работа. Во Македонија разводите се константна работа вели адвокатот Татјана Соколовска. Таа има и по 5 случаи на развод месечно. Во првите два работни денови овој месец , веќе поднела една постапка за развод.
,,Се поместува возрасната граници и повозрасни странки се разведуваат. Последниот случај мислам дека беа возрасни луѓе на возраст од 85 години,"
вели адвокатот Соколовска. Социологот Илија Ацески вели дека Македонија е атипичен пример и постојано ја заобиколуваат светските трендови. Причината за тоа е што Македонија не е големо потрошувачка општество и нема развиена економија.
,,Економската криза не влијае суштински на разводот. Дури можеме да кажеме дека има обратна ситуација, кога економската состојба се подобрува, тогаш разводите се во поизразит процент."
вели социологот Ацески. Според податоците на заводот за статистика во Македонија секој дванаесети брак завршува со развод. Податоците велат дкеа бројот на разводи драстично се зголемува последните неколку години. Минатата година имало помал број на разводи но имало и помал број на склучени бракови. Антропологот Сузана Симоновска причината за зголемениот број на разводи ја лоцира во еманципацијата на жените.
,,Жените се школуваат, работат, финансиски се независни. Бракот не се одржува по секоја цена како во традиционалното семјство кога жената зависела од мажот и кога морала да трпи се."
Експертите како причина за зголемениот број на разводи го наведуваат и тоа што голем број на браковите во последно време се засноваат на интерес а не на љубов.