Вашингтон: Обама се очекува да објави стимулативен пакет за економијата

Ново избраниот американски претседател Барак Обама се очекува денеска да го објави стимулативниот пакет за американската економија. Обама и негиовиот тим работеа со Конгресот со цел пакетот вреден 775 милијарди долари да се одбри и тој да го потпише веднаш по стапувањето на должностана 20 јанаури. Во пакетот се содржани даночни олеснувања и потрошувачка за патишта и училишта. Според Обама овој пакет треба да ја спречи Америка да влезе во уште подлабока рецесија.