Во Штип денеска се одржа свеченост по повод испраќањето на 150 припадници од првата механизирана пешадиска бригада, тројца штабни офицери и тројца офицери во мировната мисија ИСАФ во Авганистан, предводена од НАТО. Министерот за одбрана Зоран Коњановски изјави дека ова е шестта ротација и во однос на претходните има зголемување на бројот на македонските мировници кои ќе учествуваат во ИСАФ. Македонските војници ке дејствуваат во составот на баталјонот на Кралството Велика Британија.