Скопје: Продолжува расправата за буџетот

Пратениците денеска ке продолжат со 41 седница на чиј дневен ред е дополнтетиот предлог буџет за 2009 година. Според Предлогот, буџетот за наредната година изнесува 2,7 милијарди евра и е најголем досега. На седницата која започна завчера опозицијата ја обвини власта дека креирала неразвоен и изборен буџет. Според новиот собраниски деловник пратениците за три дена треба да ја завршат расправата и да го донесат буџетот .Се расправа само по предлогот, а нема амандманска интервенција, бидејќи тоа, според Деловникот, се прави во Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.