Париз: Конференција за излез од кризата во Авганистан

Официјални претставници на Авганистан и соседните земји заедно со претставници на големите светски сили денеска во Париз ќе дискутираат за начините како да заврши конфликтот во Авганистан и како да се помогне во обновата на таа земја. Целта на состанокот е да се охрабрат соседите на Авганистан да ги поддржат властите на таа земја да воспостават контрола врз регионот. Состанокот следува по меѓународната конференција во Париз во јуни, кога земјите учеснички доделија околу 20 милјарди евра помош за обнова на Авганистан.