Хелсинки: Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на сесија на министерскиот совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ќе ја предводи македонската делегација на 16-тата сесија на министерскиот совет на ОБСЕ која ќе се одржи денеска и утре во Хелсинки. Милошоски ќе има свое обраќање на пленарната сесија а ќе оствари и билатерални средби со помошникот на државниот секретар на САД, Даниел Фрид, со генералниот секретар на ОБСЕ Марк перин де Бришамбо како и со свои колеги од неколку земји.