Приштина: Протест на движењето Самоопределување поради распоредувањето на мисијата ЕУЛЕКС

Движењето Самоопределување денеска во Приштина организира протест поради распоредувањето на ЕУЛЕКС на Косово. Лидерот на движењето Аљбин Курти изјави дека граѓаните треба да протестираат, бидејќи оваа мисија најави дека ќе биде неутрална во врска со статусот на Косово. Протестот го поддржа и Унијата на независните синдикати на Косово, а организаторите најавуваат масовни собирања и во наредните денови.