Вашингтон: Денеска прес конференција на Барак Обама за економијата

Избраниот американски претседател Барак Обама за денеска најави прес конференција на која, како што се наведува, ќе се осврнел врз економијата. Тоа ќе биде трета негова прес конференција во оваа недела. Според Вол Стрит Џрнал, Барак Обама ќе го наименувал поранешниот претседател на американската централна банка Пол Волкер да раководи со новата советодавна комисија која ќе биде задолжена да работи на стабилизација на финансиските пазари. Се додава и тоа дека републиканецот Роберт Гејтс ќе остане, барем привремено, на функцијата министер за одбрана.