Москва: Денеска започнуваат разговорите меѓу Србија и Русија за енергетскиот договор

Во Москва денеска почнуваат дводневни разговори меѓу Србија и Русија за енергетски договор меѓу двете земји кој треба да биде парафиран до крајот на годинава, јавија српските медиуми.Енергетската соработка е составена од три дела: изградба на 400-километарски дел од гасоводот „Јужен тек“ на територијата на Србија , завршување на изградбата на подземното наоѓалиште на гас Банатски двор и купување на 51 отсто од акциите на компанијата „Нафтена индустрија на Србија од страна на Газпромнефт.