Рускиот претседател Дмитри Медведев и лидерите на Европската унија денеска во Ница одржуваат состанок што е фокусиран врз обновувањето на разговорите за договорот за партнерство меѓу двете страни. Во почетокот на неделава Унијата се согласи да ги продолжи овие разговори кои ги прекина откако Русија воено интервенираше во Грузија во август годинава. По средбата во Ница, лидерите ќе заминат за Вашингтон на светскиот самит за справување со економската криза.