Хаг: Одложено судењето на Момчило Перишиќ пред Хашкиот суд

Пред меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг денеска иако требаше нема да започне судењето на некогашниот началник на генералштабот на Војската на Југославија Момчило Перишиќ. Трибуналот не ги соопшти причините за одложувањето, а неофицијално се дознава дека тоа е поради непредвидено отсуство на еден од тужителите. Перишиќ е обвинет за воени злосторства сторени во Хрватска и во Босна и Херцеговина.