Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во интервјуто за грчкиот весник Типос, изјави дека Русија не може да стави вето на проширувањето на НАТО и да им оневозможи приклучување кон Алијансата на поранешните советски држави, како што се Украина и Грузија. Рајс во интервјуто го повтори ставот на америка дека минатомесечната руска воена акција врз Грузија ќе го забави приклучокот на Москва кон Светската трговска организација и во Организацијата за економска соработка и развој.