Исламабад: Престрелка меѓу американските и пакистанските сили во близина на авганистанската граница

На авганистанско – пакистанската граница дошло до престрелка меѓу американските и пакистанските сили, но немало повредени, соопштија американски претставници. Пакистански воени извори потврдија дека отвориле предупредувачки оган кон два американски хеликоптери над нивна територија. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари во Њујорк се состана со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, а во својот говор во Обединетите Нации нагласи дека Пакистан нема да дозволи повреда на неговиот суверенитет. Сојузничките сили во Авганистан, предводени од Соединетите Држави, ги интензивираа операциите против милитантите на границата со Пакситан.