Турски воени авиони изведоа синоќа голема воздушна операција врз позиции на герилците на Курдската работничка партија во Северен Ирак. Како што јави курдската телевизија, 8 турски воени авиони бомбардирале цели во реон во областа Соран. Пред тоа турската артилерија стрелала врз зоната на турско-ирачката граница.