Москва: Горниот дом на рускиот парламент побара од Медведев признавање на Јужна Осетија

Горниот дом на рускиот паралмент побара од шефот на државата Дмитри Медведев да ја признае независноста на грузиските сепаратистички провинции Јужна Осетија и Абхазија. Сите членови на Советот на федерацијата гласаа за оваа необврзувачка резолуција за која треба да се изјасни и Думата, односно долниот дом на парламентот.