Тбилиси: Силите на Абхазија и Русија ја презеле контролата врз 13 грузиски села

Грузиското министерство за надворешни работи соопшти дека сепаратистите од Абхазија, поддржани од руските сили, ја презеле контролата врз 13 села на грузиска територија, а под нивна контрола била и една хидроцентрала. Тие контролираат две села во регионот Зугдиди, 11 села во регионот Чалењика како и хидроцентралата на реката Енгури, се наведува во соопштението од грузиското министерство.