Триполи: Најмалку 16 загинати во експлозија на бомба

Либиските безбедносни сили соопштија дека во денешната експлозија на бомба во Триполи загинале најмалку шеснаесет луѓе, додека над триесет други биле повредени. Се наведува дека цел на нападот бил воен автобус, но оти поголемиот дел од жртвите биле цивили. Засега никој не ја презеде одговорноста.