Исламабад: Пакистанските сили убиле 50 милитанти на границата со Авганистан

Пакистанските сили убиле околу 50 талибаннски екстремисти во новите судири во регионот покрај границата со Авганистан. Со ова бројот на мртви во последните пет дена се искачи на 160, јавуваат официјалните власти. Вооружените хеликоптери ги нападнале позициите на екстремистите во регионот кој е познат како засолниште на припадниците на терористичката организација Ал Каеда и на Талибанците.