Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац ги повика преостанатите двајца хашки бегалци доброволно да се предадат бидејќи тоа би било во интерес на граѓаните на Србија и на нив лично. Тој истакна дека земјата е заложник на двајцата осомничени Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ, додавајќи оти не мисли дека откако Србија ќе го исполни условот за соработка со Хашкиот трибунал, за да влезе во ЕУ ќе треба да го признае Косово.