Приштина: Свечено врачен првиот издаден пасош на Косово

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска на Теута Беголи од Приштина свечено го врачи првиот издаден пасош на Косово. Жителите на Косово од 1999 година користеа пасоши на УНМИК и на поранешна СР Југославија, а потоа и на државната заедница Србија и Црна Гора и на Република Србија. Овој месец Мисијата на ОН на Косово престана да ги изадава своите пасоши.