Вашингтон: Апсењето на Караџиќ знак дека Србија иднината на гледа во евроатлантските институции

Апсењето на Радован Караџиќ е знак дека новата српска влада ја гледа иднината во евроатлантските институции, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Гонзало Гаљегос. Тој додаде дека нема информација дали Соединетите држави соработувале со српските власти во ова апсење.