Куманово: Одржана свеченост по повод испраќање на нов контингент мировници во Авганистан

Во Куманово денеска се одржа свеченост по повод испраќањето на контингентот на АРМ во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. Во петтата ротација во Кабул заминаа сто дваесет и седум припадници на Првата механизирана пешадиска бригада и тројца штабни офицери. Тие задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на британската армија и ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.