Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска побара да бидат организирани нови избори во избирачките места каде денеска се случија инциденти при гласањето на вонредните парламентарни избори во Македонија, јави Франс-прес, а пренесува МИА. Во соопштението на портпаролот на Солана, Кристина Галах се наведува дека високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ повикува на мир и изразува вознемиреност во врска со проблемите, кои се појавија на изборите во Македонија.
Тој одблиску ја следи ситуацијата и е во контакт со сите партии, додаде портпаролот истакнувајќи дека Солана очекува подобрување на ситуацијата.
Изборите се сметаат за тест на политичка зрелост на земјата и ќе играат важна улога при решавањето на Европската комисија да започне или не преговори за присоединување на Македонија кон ЕУ, коментира Франс-прес.