Политичките лидери да покажат дека се дораснати на предизвикот

На полноќ заврши предизборната кампања и почна 24-часовниот молк пред утрешните предвремени парламентарни избори.денеска, ќе можат да гласаат 1.929 лица кои се во притвор или на издржување казна затвор, како и 542 внатрешно раселени лица. Во рамки на изборите странските преставници уште еднаш потсетија дека насилството и изборните инциденти ги загрозуваат евроатлантските перспективи на земјава. Џилијан Миловановиќ, амбасадор на Соединетите Американски држави во Скопје истакна дека Владата мора да спроведе политика на нулта толеранција кон акти на насилство или застрашување било да се случуваат во или околу избирачките места на денот на изборите или во деновите потоа.

„Наша надеж е дека на денот на изборите, граѓаните и политичките лидери на ова земја ќе покажат дека се дораснати на предизвикот и ќе покажат капацитет и волја да спроведат избори кои ќе ги задоволат меѓународните стандарди и ќе ги унапредат аспирациите на земјата за интегрирање во ЕУ и НАТО“

И евро амбасадорот Ерван Фуере го искажа своето очекување за фер и демократски избори.

„Утре да видиме и да дочекаме слободни и фер избори кој што ке се спроведат согласно сите меѓународни стандарди кои постојат исто така овде сме заедно со граѓанската асоцијација МОСТ да обезбедиме соодветно надгледување на изборниот процес“

Инаку изборите ќе се спроведуваат според пропорционалниот модел во шест изборби единици, а во секоја од нив треба да бидат избрани по 20 пратеници. Гласачките места ке бидат отворени од 7 до 19 часот за милион седумстотини седумдесет и девет илјади сто шеснаесет избирачи или за триесет и седум илјади шестотини и шеесет повеке во однос на 2006 година кои имаат право да го дадат својот глас за 18 листи со 1540 кандидати за 120 пратенички места во Парламентот. Овие избори ги надгледуваат околу 6000 домашни и странски набљудувачи. Од домашните набљудувачи,најголем број акредитирала МОСТ околу 4000 додека од странските ОБСЕ со 317 монитори. Овие избори се шести по ред а се први предвремени кои се одржуваат во земјева.