Да се обезбеди 61 пратеник во парламентот,а со цел да нема опструкции од страна на опозицијата, ова е едно од најчесто споменуваните образложенија од страна на коалицијата За подобра Македонија за потребата од предвремени парламентарни избори. Од ВМРО-ДПМНЕ постојано повторуваат дека бескрајните собраниски расправи и илијадниците амандмани на опозицијата за да се спречи донесувањето на некој закон ја кочела работата на парламентот. Се надеваат дека по изборите, новоформираната структура на парламентот ќе ја промени досегашната слика.
„Власта се реши за предвремени избори за да обезбеди поголемо и поквалитетно мнозинство, да може сите закони коишто од владата доаѓаат во Собранието, да бидат квалитетен филтер, а не законодавниот дом да биде пречка за носењето законски проекти,“
изјави Трајко Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ
Но ваквите оправдувања за аналитичарите се неосновани. Според политикологот Жидас Даскаловски од Правниот факултет, идејата да се има апсолутно мнозинство во парламентот за да се покаже политичка надмоќ во однос кон опозицијата е заблуда.
„Малку тоа звучи политички нездраво, дека сега ВМРО-ДПМНЕ сака 61 пратеник за опозицијата да нема можности. Сепак опозицијата ќе има можност за критики, за јавна дискусија.“
И за проф. Хасан Јашари од Штуловиот универзитет, апсолутното мнозинство во парламентот не е добро за владеењето на демократскиот систем и работата на законодавниот дом.
„Мора владата и парламентот да бидат подготвени во демократско општество на опструкции. Секако дека тие ги имаат сите механизми, тие треба однапред да знаат што им се подготвува и на тој начин да предничат со иницијативи за кои ќе нема опструкции.“
Поседувањето на апсолутно мнозинство од страна на владејачката партија во парламентот може да предизвика тендензиозно работење од страна на коалиционите партнери и да наметне авторитарен начин на владеење, велат експертите
„Дури и ако покаже тенденции кон авторитативно владеење да има механизми коишто може да ја контролираат,“
изјави Даскаловски.
На македонскиот парламент не му е непознато функционирањето со апсолутно мнозинство на пратеници. Во 1994 година, коалицијата „Заедно“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз имаше повеќе од 60 пратеници во парламентот.